Објавено 27 јануари 2012, 16:08, во Регион
Share |
Print page

Договорот за намалување на грчкиот долг е многу близу

Договорот со приватните кредитори за намалување на грчкиот долг е многу близу и треба да биде завршен најдоцна до крајот на јануари изјави Оли Рен, еврокомесар за економски и монетарни прашања. Многу близу сме до договор.  Ако не денеска тогаш во викендот или до крајот на месецот, изјави Рен во Давос каде се одржува Светскиот економски форум. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави во Давос дека не очекува банкрот на Грција. Тој нагласи дека нивото на грчкиот долг не треба да биде над 120 % БДП во 2020 година.

Во Брисел германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле отфрли можност за поголема помош за Грција од државните кредитори освен отстапки од банките. Не гледам смисла секоја недела да се зборува за нови средства за поддршка на Грција во момент кога не знаеме дали ветените реформи доволно се спроведуваат, изјави тој. Рен во изјава за Волстри џурнал вчера наведе дека не исклучува мала корекција за потребите за заем од државите од еврозоната.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија