Објавено 27 јануари 2012, 13:56, во Регион
Share |
Print page

Хрватско здружение бара поништување на референдумот за членство на Хрватска во ЕУ

Хрватското граѓанско здружение „Движење за Хрватска - Не во ЕУ“ до Државната изборна комисија на Хрватска поднесе барање за поништување на референдумот за членство на земјата во Европската унија, што се одржа на 22 јануари.

Според движењето, кое пред гласањето агитираше граѓаните да гласаат „против“ зачленувањето на Хрватска во ЕУ, изјаснувањето било противзаконско.Референдумот беше неуспешен бидејќи се изјаснија само 43 % од граѓаните со право на глас, изјави претставник на Движењето, кој тврди дека за успешност на плебисцитот одѕивот требало да биде над 50 %.

Покрај поништување на референдумот здружението бара и распуштање на Саборот и распишување на предвремени парламентарни избори.На реферемдумот на 22 јануари „за“ членство на Хрватска во ЕУ се изјаснија над 66 % од граѓаните што го искористија своето гласачкио право, при одѕив на гласачите од 43,51 %.

Еден ден пред референдумот, околу 200 членови на „Движењето за Хрватска - Не во ЕУ“ одржаа протести и се обидоа да го симнат знамето на Европската унија, при што дојдоа во судир со полицијата. При судирите полицијата уапси неколкумина активисти на здружението.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија