Србија од денеска почнува со регистрација на .срб домејни
Србија од денеска започнува со регистрација на домејнот .срб, кој наспроти постоечкиот .rs ќе биде нејзиниот втор национален домејн.Во првите шест месеци, право на регистрација на .срб домејнот ќе имаат само сопствениците на постоечките .rs домејни и тоа целосно бесплатно.
По овој период, кириличен домејн ќе може да регистрира секој без разлика дали поседува одреден .rs домеjн или не.Корисниците имаат право да регистрираат онолку .срб домеjни колку што имаат регистрирани .rs домеjни, при што .срб домеjните се регистрираат на една година, без оглед на колку години се регистрирани .rs домеjните.
За време на првите шест месеци од почетокот на регистрацијата, за секој постоечки .rs домеjн корисникот ќе може да избере само еден .срб домејн.