Објавено 27 јануари 2012, 08:40, во Регион
Share |
Print page

Пападимос ги обнови преговорите за преструктурирање на внатрешниот долг на Грција

Грчкиот премиер Лукас Пападимос вечерва ги обнови преговорите со високи претставници на банките за преструктурирање на внатрешниот долг на Грција, со цел да се избегне банкрот на земјата.Пападимос се сретна со директорот на Институтот за меѓународни финансии Чарлс Далара и со советникот на директорот на француската банка БНП Париба, Жан Ломиер.

Грција сака приватните кредитори да и отпишат половина од нејзиниот долг, а во замена да добијат плаќање во кеш и нови обврзници.Високи претставници на еврозоната очекуваат да се изврши притисок врз приватните кредитори да и дадат на Грција нови обврзници по пониска камата.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија