Објавено 26 јануари 2012, 16:15, во Регион
Share |
Print page

„Телеком Србија“ од денес е целосно српски

„Грчката телекомуникациска организација“ (ОТЕ) и “Телеком Србија“ денеска потпишаа договор за пренос на сопственоста над 20 % од акциите во овој телеком од грчката компанија на српската, за сума од 380 милиони евраСо денешниот пренос, 80 % од акциите на српскиот телеком стануваат сопственост на државата Србија, а останатите 20 % на самата компанија „Телеком Србија“.

„Телеком Србија“ подигна кредит во износ од 470 милиони евра, од кои поголемиот дел се наменети за откуп на 20 о% од неговите акции од ОТЕ, а останатата сума ќе биде искористена за рефинансирање на постоечките задолжување на компанијата.Договорот за продажба на акциите на ОТЕ во „Телеком Србија“ беше постигнат на почетокот на декември 2011 година во Атина, по што кон средината на истиот месец тој беше одобрен и од Управниот одбор и Собранието на акационери на српскиот телеком.

Во 1997 година Србија им продаде 49 % од акциите на „Телеком Србија“ на „Телеком Италија“ и на ОТЕ за сума од 1,56 милијарди германски марки. По таа купо-продажба Србија поседуваше 51 % од акциите во телекомот, „Телеком Италија“ 29, а ОТЕ 20 %.Во 2003 година државата Србија го откупи пакетот акции на „Телеком Италија“ за 195 милиони евра, со што стана сопственик на 80 % од компанијата.

Минатото лето Србија објави тенедер за продажба на 20 % од акциите на ОТЕ и на 31 % од своите хартии од вредност за минимална сума од 1,4 милијарди евра, но тендерот пропадна бидејќи единствената компанија што се јави на него, „Телеком Австрија“, на сакаше да даде повеќе од 950 милиони евра за стекнување на мнозинскиот пакет акции.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија