Објавено 26 јануари 2012, 14:20, во Регион
Share |
Print page

Ангела Меркел се сомнева во шансите за спасување на Грција

Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази сомневање во шансите на Европската Унија за спасување на Грција. Ова е е првпат Меркел јавно да признае дека не верува во можноста на една членка на еврозоната, како Грција, да се спаси од финансиски крах и од банкротство.

Во интервју за „Гардијан“ и за уште пет други европски весници, германскиот канцелар потврди дека првото покривање на долговите на една земја, што го има направено ЕУ, како и острите мерки за штедење, немаат ефект ниту после две години интензивно работење за решавање на кризата, што го доведе на работ од пропаст еврото.

Ние се уште не можеме да ја надминеме кризата, а останува и прашањето на посебниот случај со Грција, каде покрај многу напори што се направени, ниту Грците, ниту меѓународната заедница се уште не може да се справат со ситуацијата и да обезбедат стабилизација, вели Меркел во интервјуто.

Германскиот канцелар се спротивстави на како што вели, распространетото спротивставување во ЕУ и во Велика Британија, за тоа Европскиот суд на правдата да биде овластен да ги контролира јавната потрошувачка и буџетската политика на 17-те земји членки на еврозоната.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија