Германскиот весник „Билд“ купил грчки обврзници
Германскиот весник „Билд“, кој е познат по нападите врз задолжената Грција, купил грчки обврзници за кои смета дека за кратко време ќе донесат значителни заработки. Весникот потврди дека поседува една обврзница во вредност од 5.719 евра со рок на доспевање на 20 март оваа година, и уште една обврзница во вредност од 4.946 евра. Нејзиниот рок на доспевање е 20 април 2013 година.
„Билд“ пишува дека доколку Грција банкротира инвестицијата ќе се покаже како неуспешна, но во случај двете обврзници да донесат заработка, кои се очекува да бидат двојно поголеми од инвестираната сума, весникот нема да ги задржи парите туку ќе ги донира.