Пад на автомобилскиот пазар во Романија
Продажбата на патнички автомобили и комерцијални возила во Романија е намалена за 7,4 % во 2011 година, од околу 119.500 возила во 2010 година на нешто над 110.600, изјави Ернест Виргил Поповици, претседател на романското Здружение на производители и увозници на моторни возила.
Во 2010 година падот на продажбата изнесуваше околу 20 %. Во последните четири години дојде до драстично намалување на романскиот пазар на автомобили за околу 70 %.