Објавено 25 јануари 2012, 14:03, во Регион
Share |
Print page

Меѓународната „тројка“ бара приватизација на профитабилните грчки државни компании

„Тројката“ инспектори на Европската унија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побараа од Грција да ги приватизира профитабилните државни компании, тврди грчкиот весник „Нафтемборики“.

Меѓу компаниите за кои „тројката“ смета дека би постоел интерес за купување од страна на странските инвеститори, според весникот, се грчкото електростопанство ДЕИ и државната лотарија ОПАП. „Нафтемборики“, повикувајќи се на извори во делегацијата на „тројката“, тврди дека грчката Влада се согласила да го реализира планот за приватизација, од која до 2014 година би требало да се обезбедат 38 милиајрди евра.

Во 2011 година од приватизација на државните компании Грција заработи 1,55 милијарди евра, иако беше предвидено да се приберат дури пет милијарди евра. За годинава Грција предвидува од приватизација да заработи меѓу 4,5 и 4,7 милијарди евра, иако „тројката“ бара да бидат реализирани приватизациски зделки во висина од 10 милијарди евра, од кои 2,8 милијарди само во првите три месеци.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија