Во Словенија договорена коалициска влада на десниот центар
Четири партии на десниот центар и Партијата на пензионерите постигнаа вчера договор да формираат нова коалициска влада, која ќе ја предводи Словенечката демократска партија (СДП) на Јанез Јанша, која беше второпласирана на изборите, одржани на 4 декември.
Се очекува петте партии денеска напладне во Парламентот да ја потпишат коалициската спогодба и да ја поддржат номинацијата на Јанша за мандатар за состав на нова влада.Очекувам дека сите партии ќе ја потпишат спогодбата и дека ќе ја почитуваат, изјави Јанша по состанокот на раководството на СДП.Партиите оваа одлука ја донесоа, откако претставници на СДП, на Народната партија (СЛС), Граѓанската листа (ГС), Нова Словенија (НСи) и ДеСУС ја финализираа изминатите денови нацрт-коалициската спогодба.
Сите партии освен ДеСУС беа практично едногласни во поддршката на коалицијата.Со оглед на тоа што овие партии заедно имаат 50 пратенички места во 90-члениот Парламент, изборот на Јанша најверојатно ќе биде потврден на вонредната седница во сабота.Коалицијата на десниот центар е формирана, откако првиот избор на претседателот Данило Тирк, Зоран Јанковиќ, чија партија Позитивна Словенија победи на изборите, не успеа да обезбеди поддршка во Парламентот.