Објавено 24 јануари 2012, 16:06, во Регион
Share |
Print page

Венизелос смета дека ќе се постигне договор за опростување на грчкиот долг

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос смета дека неговата земја ќе успее да постигне зделка со приватните кредитори за намалување на долгот и покрај строгите рокови, поставени од партнерите од еврозоната.

Венизелос изјави денеска дека Грција доби зелено светло од еврогрупата да ја финализира зделката со приватниот сектор во следните неколку дена. Грција преговара со приватните кредитори за размена на обврзници со нови со пониска вредност и камати.

Министрите за финансии од еврозоната вчера решија каматните проценти врз новите обврзници да бидат под четири проценти што е помалку отколку што би сакале приватните кредитори.Размената ќе ја намали вредноста на грчките обврзници на половина, што ќе се изрази во отпишување на околу 100 милијарди евра од долгот и одложување на плаќањата

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија