Хрватска го укинува данокот на мобилните оператори, за тие да инвестираат во развој
Данокот од шест проценти на мобилните телеком оператори во Хрватска може да биде укинат пред почетокот на летото, доколку операторите ги задоволат барањата на владата повеќе да инвестираат во развој, беше заклучено на последниот состанок за вложување во ектронските комуникации помеѓу телеком операторите и министерството за економија на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Целта на овој состанок беше да се утврди колку операторите може да инвестираат оваа година. Хрватскиот министер за економија Славко Линиќ, после состанокот истакна дека има можност во следните три месеци да се постигне договор помеѓу владата и мобилните оператори за инвестирање во нови технологии.