Босанската економија ќе настрада од влезот на Хрватска во ЕУ
Економијата на Босна има ризик да натсрада уште повеќе со присоединувањето на Хрватска кон ЕУ, бидејќи нејзиниот сосед и главен увозник на прехранбени производи ќе биде во скоро време принуден да ги забрани поради недостигот на гаранции за квалитет, соодветен на строгите норми на Брисел. Во една таква ситуација пропуштената заработка ќе претставува околу половина од буџетот на босанската централна влада, според некои проценки.
Ако Босна не воведе до 1 јануари 2013 - шест месеци пред присоединувањето на Загреб кон ЕУ - контрола на храната во согласност со нормите на ЕУ, ние нема да можеме веќе да извезуваме во Хрватска производи од животинско и растително потекло, предупредува експерт од Надворешно-трговската комора на БиХ Дулко Хасиќ.
Босна во 2010 година извезла во Хрватска стоки во износ од 560 милиони евра. Од нив околу 200 милиони евра изнесуваат стоките, за кои има ризик повеќе да не ја поминат границата. Производителите на млеко и млечни производи - еден од малкуте индустриски сектори во Босна, ќе бидат најзасегнати.
Тие компании би можеле буквално да пропаднат, ако властите не дејствуваат, предупредува Хасиќ.Станува збор да се усвои европското законодавство, локалните лаборатории да добијат акредитации од европските органи и да се увери Брисел дека системот за контрола функционира.