Минималната плата во Албанија изнесува 150 евра
Минималната плата во Албанија од јули 2011 година изнесува 20 илјади лека или околу 150 евра. Споредено со земјите од Европа таа е една од најниските. Во Словенија, според медиумите, минималната лата изнесувала 530 евра, во Португалија 485 додека во Романија, Бугарија и Полска, таа се движи од 160 до 300 евра. Во Грција минималната плата била 739 додека највиоска е во Луксембург 1.757 евра.
Албанската Влада донесе одлука за зголемување на износот на минималната плата во земјата за 5,2 % во јули минатата година и одлуката мора да ја почитува секое физичко и правно лице, без оглед дали станува збор за домашен или странски работодавец.