Објавено 23 јануари 2012, 14:27, во Регион
Share |
Print page

Пад на добивката на Меркатор во 2011 година

Според првичните проценки за 2011 година, словенечката групација Меркатор   оствари  приход од 2,93 милијарди евра од продажба, што е за 5,4% повеќе отколку изминатите години, објави управата на најголемиот словенечки трговски ланец на интернет страницата на Љублјанската берза.

Чистата добивка во 2011 година  е намелена за 21,6% во однос на претходната година и изнесува 23,8 милиони евра, што е резултат на заострените услови за работа кои настанаа во втората пловина на годината.
Меркатор за оваа година предвидува повеќе од три милијарди евра нето приход од продажбата, која ќе порасне за 3,3% во споредба со 2011 година.

Од вкупните приходи, 56% ќе бидат приходи од продажба во Словенија, а 44% од странските пазари.
Истовремено, годинава се очекува натамошно намалување на нето добивката од 34% на 15,7 милиони евра, во план се и дополнителни мерки за зголемување на конкурентноста поради заострените услови на пазарот кои се очекуваат и во 2012 година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија