Хрватска кажа „Дa“ за ЕУ
Хрватска гласаше вчера на референдум за членство во ЕУ во идната година, надминувајќи ги стравувањата од економската криза во блокот и дека членството во ЕУ ќе го компромитира тешко добиениот суверенитет.
Шеесет и шест проценти Хрвати гласаа „за“ на референдум, додека против гласаа 33,13 %, објави Централната изборна комисија по пребропјувањето на речиси сите гласови. Податоците се соопштени по пребројани над 98 % од ливчињата. Излезноста е 43,58 %.
Премиерот на владата Зоран Милановиќ, причина за слабиот одзив гледа во летаргијата која ја зафати земјата, но и во заморот на гласачите, кои неодамна на парламентарни избори ја бираа новата власт.