Објавено 20 јануари 2012, 08:42, во Регион
Share |
Print page

Нектар ја објави понудата за остатокот акции од Фруктал

Српската компанија „Нектар“ денеска ја објави понудата за преземање на останатите акции од словенечки „Фруктал“. Нектар веќе поседува 93,73 % од капиталот на „Фруктал“, за што минатата година „Пивоварна унион“ плати 35,3 милиони евра.

Понудата за преземање се однесува на 6,27 % или 157.143 акции на Фруктал, повеќето во сопственост на мали акционери. Нектар за една акција нуди 15,3 евра. Понудата е отворена до 27 февруари.

Купувањето на „Фруктал“, како што јавуваат српските медиуми, го одобрија инститиуциите надлежни за заштита на конкуренцијата на Србија, Словенија, Македонија, БиХ и Хрватска.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија