Објавено 20 јануари 2012, 12:04, во Регион
Share |
Print page

Грчкиот телеком ОТЕ ќе го продава својот сателит

Најголемата грчка телекомуникациска компанија ОТЕ, чиј главен акционер е „Дојче Телеком“, ќе го продава својот телекомуникациски сателит ХеласСат, поради кризата во Грција и сопствената неликвидност, соопшти генералниот директор на ОТЕ, Михаил Цамас.

ОТЕ ќе ги насочи напорите кон рефинасирање на своите кредити до 2014 година, чија вредност сега изнесува 5 милијарди евра, нагласи Цамас, додавајќи дека грчкиот телеком се соочува со исклучитечно тешка конјуктура и со неликвидност.

Цамас најави дека еден од приоритетите на ОТЕ во следниот период ќе биде намалување на трошоците за исплата на плати, но нагласи дека нема да има отшуштања од работа, туку дека ќе биде изработена програма за доброволно пензионирање.

Нето профитот на ОТЕ во третиот квартал од 2011 година опадна за 17,3 %. Покрај во Грција, ОТЕ им свои мобилни оператори и во Албанија, Бугарија и Романија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



РЕКЛАМИ

Капитал изданија