„Телеком Србија“ потпиша договор за кредит во износ од 470 милиони евра
Српската телекомуникациска компанија „Телеком Србија“ соопшти денеска дека потпишала договор за кредит во износ од 470 милиони евра, од кои 320 милиони евра ќе бидат искористени за купување на 20% од акциите, кои припаѓаат на грчката телекомуникациска компанија „ОТЕ“.
Од „Телеком Србија“ соопштија дека останатиот дел од сумата, 150 милиони евра, ќе се искористат за рефинансирање на постоечкиот кредит за купување на „Телеком Република Српска“. Договорот за кредит, што е потпишан на 9 јануари, е земен со рок од три години. Сумата од 470 милиони евра се осигурени од 19 локални и меѓународни банки, членки на банкарските групации „Креди Агрикол“, „Ерсте“, „Евробанка ЕФГ“, „Рајфајзен“, „Сосиете женерал“, „Уникредит“, „Пиреус“ и други.
Успешното остварување на тој договор покажува доверба на финансискиот пазар во српската економија во целина и дел во компанијата „Телеком Србија“, велат од српската компанија.Компанијата „Телеком Србија“ и грчката компанија „ОТЕ“ на 30 декември минатата година потпишаа договор за купување на 20 % од акциите на српскиот оператор по цена од 380 милиони евра, што ќе биде вкупниот дел на „ОТЕ“ во „Телеком Србија“.