Словенечкиот Парламент не го поддржа Зоран Јанковиќ
Парламентот на Словенија денеска ја отфрли номинацијата на поранешниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ за премиер на земјата, изјави претеседателот на Парламентот Грегор Вирант.
За Јанковиќ, чија партија „Позитивна Словенија“ освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 4 декември, гласаа 42 пратеници. За Јанковиќ да биде изгласан за премиер потребни беа 46 гласа од вкупно 90 пратеници.
Претседателот и членовите на Парламентот сега имаат рок од 14 дена да предложат нов кандидат за премиерската функција. Најверојатно тоа ќе биде Јанез Јанша, лидерот на десноцентристичката Словенечка демократска партија, која е на второ место по бројот на освоени гласови.