Јанковиќ има мали шанси за премиер на Словенија?!
Шансите дека Зоран Јанковиќ ќе седне во премиерската фотелја на Словенија се повеќе се намалуваат. Имено, политичката партија Граѓанска листа на Грегор Вирант одлучи дека нема да ја поддржи кандидатурата на лидерот на партијата Позитивна Словенија, Зоран Јанковиќ, за премиер.
Вирант изјави дека така одлучиле заради програмските разидувања со Позитивна Словенија, поради што оцениле дека нема да можат во доволна мера да ја спроведат својата програма. Уште не е донесена одлука дали би влегле во коалиција со СДС на Јанша. Порача дека најпрво ќе го почекаат гласањето во парламентот кое треба да се одржи денес.
Одлуката, која советот на оваа партија ја донесе едногласно, го остава Јанковиќ со слаби шанси на гласањето во парламентот, денес да ги обезбеди неопходните 46 гласови за да стане премиер и да формира мнозинска влада.