Преземањето на Пивоварна Лашко е лош бизнис потег на Меркатор
Преземањето на длабоко задолжената словенечка Пивоварна Лашко, може да го турне Меркатор, најголемиот словенечки трговски ланец, во должничка криза и да му ја намали можноста за развој на основната дејност, сметаат аналитичарите на Рајфхајзен Банка.
Во анализата која ја објави банката стои дека првичната можност за продажба на Меркатор на Агрокор се намалува, со намерата на трговцкиот ланес да ја купи Пивоварна Лашко, која пак поседува акции во Меркатор, и така да ја блокира понудата на хрватскиот концер. Во анализата стои дека меѓународните искуства покажуваат дека со таква диверзификација на дејноста тешко може да се управува и дека ваквите спојувања ретко предизвикуваат синергија.