Објавено 29 декември 2011, 11:47, во Регион
Share |
Print page

Постигнат договор за воспоставување на власта во БиХ

Лидерите на шестте најголеми партии во Босна и Херцеговина се договорија денеска за формирање на Советот на министрите, 15 месеци по изборите. Претседателите на „шесторката“ по состанокот, кој траеше нешто повеќе од три часа потврдија дека е договорена распределбата на министерските места, за што безуспешно беше преговарано уште од општите избори во октомври 2010 година.

Претседателите на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, на Српска демократска партија (СДП) Младен Босиќ, на Хрватска демократска заедница БиХ Драган Човиќ (ХДЗ БиХ), ХДЗ 1990 Божо Љубиќ, на Социјалдемократска партија (СДП) Златко Лагумџија и на Партијата за демократска акција (ПДА) Сулејман Тихиќ ги поделија ресорите во Советот на министрите.

Според првите достапни информации кандидатот, кој ќе го предложи ХДЗ БиХ ќе биде новиот претседател на Советот на министрите, а на СДП ќе и припадне функцијата министер за надворешни работи.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија