Одлуката за мандатарот за новата влада на Словенија по Нова година
Првиот круг од консултациите на претседателот на Словенија Данило Тирк со лидерите на политичките партии покажа дека за сега ниту еден кандидат за мандатар на новата коалициска влада го нема потребното мнозинство и оти Јанез Јанша и покрај поразот на последните избори повторно има шанси да се најде на чело на владата.
Словенечките медиуми јавуваат дека одлуката на шефот на државата ќе биде донесена по Нова година. Зоран Јанковиќ, како мандатар засега го поддржаа само 38 пратеници од неговата партија „Позитивна Словенија“ и од Социјалдемократите, што не е доволно, бидејќи Парламентот има вкупно 90 пратенички места.
Контактите на партиите и нивните консултации со претседателот на државата ќе продолжат следната недела.Претседателот треба да го предложи новиот мандатар во рок од 30 дена од конституирањето на новиот Парламент, односно до 21 јануари.Мандатарот за формирање на нова влада треба да обезбеди 46 места во Парламентот. Доколку тоа не се случи Словенците повторно ќе мора да гласаат