Објавено 27 декември 2011, 14:13, во Регион
Share |
Print page

Словенечкиот претседател почнува разговори за нов премиер

Словенечкиот претседател Данило Тирк би требало денеска да започне разговори со претставниците на парламентарните партии за избор на нов премиер.Најголеми шанси да го добие мандатот за формирање нова коалициска влада има Зоран Јанковиќ, чија „Позитивна Словенија“ освои најмногу гласови на изборите на 4 декември, но и „други имиња се во игра“.

Партијата на Јанковиќ има 28 мандати во словенечкиот Парламент и тоа не е доволно за формирање парламентарно мнозинство, поради што ќе мора да направи коалиција.Единствената партија за која се верува дека најверојатно ќе стапи во коалиција со Јанковиќ е Социјалдемократската партија на премиерот во заминување Борут Пахор, но и тогаш ќе имаат 30 пратенички места во Парламентот, кој има вкупно 90 пратеници.

Јанковиќ за три недели од одржувањето на изборите направи консултации со сите партии, освен со Словенечката демократска партија на Јанез Јанша, но се уште нема најави за формирање коалиција.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија