Акциите на Меркатор паднаа за 8,98%
Информацијата за одлагање на продажбата на словенечкиот трговски гигант „Меркатор“ на хрватскиот конкурент „Агрокор“, резултираше со пад на вредноста на неговите акции за 8,98 % на 152 евра.
Падот на акциите на „Меркатор“ придонесе и за намалување на вредноста на индексот на Љубљанската берза СБИ за 2,34 % на 583,04 индексни поени.