Грчката Нова демократија против нови мерки за штедење пред изборите
Една од двете водечки партии во грчката Влада на национално единство, Нова демократија, денеска соопшти дека е против воведување на какви било нови мерки за штедење, нагласувајќи на тоа дека одлука за нови мерки може да донесе само новата влада која ќе биде формирана по изборите на почетокот на 2012 година.
За какви било нови мерки за остварување на целите од програмата за економска стабилизација во периодот од 2013 до 2015 година мора да одлучи идната влада, изјави портпаролот на Нова Демократија Јанис Михелакис за телевизискиот канал „Ант1“. Главна цел на грчката Влада на национално единство, која е формирана во ноември и која ја сочинуваат Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Нова демократија и десничарскиот националистички Обединет праволсавен собир (ЛАОС), е спроведување на мерките предвидени со вториот пакет за спас на државата, кој беше договорен во октомври.
Единствена задача на коалициската Влада, предводена од технократот Лукас Пападимос, е договорот меѓу Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од октомври да биде прифатен во Парламентот откако претходната социјалистичка Влада на Јоргос Папандреу не можеше да го обебзеди тоа. Отако Парламентот ќе ја одобри новата програма, ќе бидат одржани избори на почетокот на идната година, на кои спроед грчките медиуми се очекува да победи Нова деморкатија.