Црна Гора утре ќе стане полноправна членка на СТО
Црна Гора утре ќе стане полноправна членка на Светската трговска организација (СТО), а на свечената церемонија на пристапување во Женева ќе присуствува премиерот Игор Лукшиќ, соопшти денеска црногорската Влада.
Како што се наведува, членството во СТО е еден од главните надворешно-политички приоритети на Црна Гора. Тоа е и еден од клучните чекори на интеграцијата на Црна Гора во модените меѓународни економски текови, и важен елемент на поддршка на процесот на внатрешни економски реформи, се наведува во владиното соопштение.Црна Гора во 2004 година поднесе барање за членство во СТО.