Објавено 14 декември 2011, 11:53, во Регион
Share |
Print page

ММФ засега исклучува исплата на нов кредит на Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека засега ја исклучува можноста за нова финансиска помош на Грција во форма на позајмици.Мисијата на ММФ не е дојдена тука за да разговараме за нов кредит, изјави синоќа во Атина шефот на Мисијата на ММФ во Грција, Пол Томсон.

Томсон е дел од „тројката“, составена од претставници на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, која вчера во Атина започна преговори со новата грчка Влада околу нејзината економска политика. Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос вчера најави дека целта на преговорите со „тројката“ е најдоцна до јануари да се дојде до нов план за финасиска помош на Грција во износ од 89 милијарди евра.

Но, Томсон синоќа ги отфрли ваквите тврдења нагласувајќи дека ММФ во моментов не разгледува можност за учество во некаков план за исплата на нов кредит на Грција.Она што се бара од Грција таа може да го оствари со зголемување на даноците и со спроведување на програмата на строги мерки на штедење, потенцира Томсон.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија