Објавено 12 декември 2011, 16:00, во Регион
Share |
Print page

Турција втора во светот според економскиот раст

Турција е вице- шампион во светот според стапката на економски раст во третиот квартал од 2011 година, веднаш по Кина. Во периодот од јули до септември 2011 година Турција забележа економски раст од 8,2 %, што сепак е помалку во однос на претходниот квратал, кога растот изнесуваше 8,8 %.

Благодарение на високата стпака на раст во периодот јануари-март 2011 година од 12 %, вкупниот економски раст на Турција во првите три овогодишна квартали изнесува 9,6 %. Најголем економски раст во третиот квартал од годинава во глобални рамки остварила Кина и тоа од 9,1 %, а по второпласираната Турција натаму следуваат Естонија со 7,9, Индија со 6,9, Литванија со 6,6, Индонезија со 6,5 и Сингапур со 6,1 %.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија