Објавено 09 декември 2011, 12:14, во Регион
Share |
Print page

Хрватска и официјално е дел од ЕУ

Хрватска од денеска официјално стана 28-та полноправна членка на Европската унија. Свој потпис на долго посакуваниот договор ставија, од пред три дена веќе поранешната  хрватската премиерка Јадранка Косор и председателот Иво Јосиповиќ, како и европските преставници, председателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, председателот на Европската комисија Жозе Мануел  Баросо и председателот на Европскиот парламент Јежи Бузек.

Во текот на деншниот ден на самитот на лидерите на државите-членки на Унијата во Брисел се очекува да бидат  верификувани и останатите одлуки од Советот на министри за надворешни работи, кој се одржа на почетокот на неделава, а на кој е предложено датумот за почеток на претпристапните преговори со Република Македонија  да се разгледува за време на идното данско председателство.


Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија