Турција ќе склучи договор со Јапонија за изградба на нуклеарна централа
Турската Влада планира, согласно соработката со Јапонија, да изгради нуклеарна централа во градот Синоп на брегот на Црното Море.Сакаме нуклеарката да биде опремена од јапонска компанија со користење на јапонска технологија, изјави денеска турскиот вицепремиер Али Бабаџан.
Тој најави брзо обновување на двостраните преговори за овој проект, кои започнаа кон крајот на минатата година, но беа прекинати по хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима-1“ во март годинава. Интерес за договорот покажува јапонската корпорација „Мицубиши хеви индастрис“.
Во Турција моментално нема нуклеарни централи, но Анкара планира до 2023 година во земјата да бидат изградени три такви објекти. Русија веќе го доби договорот за изградба на една од нив на брегот на Средоземното Море.