Објавено 06 декември 2011, 08:36, во Регион
Share |
Print page

Словенија и Хрватска мора да штедат, без разлика кој е на власт

Новите мандатори во Словенија и во Хрватска, Зоран Јанковиќ и Зоран Милановиќ, ги чека предизвикувачка година, бидејќи мора да се справат со економската криза во сопствените змеји. И покрај тоа што до последен момент се нагаѓаше промената на лидерите на парламентарните избори, кои се одржаа неделата во Хрватска и во Словенија, најголемо изненадување беше победата на левоцентристичката партија Позитивна Словенија на популарниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Хрватите пак, очекувано избраа промена и гласаа за коалицијата Кукурику, предводена од Зоран Милановиќ и неговата левоцентристичка Социјалдемократска партија (СДП).
Како на крајот ќе биде составена владата и од кои партии, се чини, во Словенија е понеизвесно отколку во Хрватска, каде што релативно јасно се поделени политичките табори. Меѓутоа, на двете земји им се потребни стабилни влади кои ќе се справат со државните буџети, што ќе биде најголемиот предизвик за нив во 2012 година.

 

Целиот текст прочитајте го во денешното издание на дневниот весник „Капитал“

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија