„Позитивна Словенија“ победи на парламентарните избори во Словенија
Левоцентристичката партија „Позитивна Словенија“ на популарниот градоначалник на Љубљана Зоран Јанковиќ изенандувачки победи на вчерашните предвремени парламентарни избори, пренесоа француските медиуми.
Официјалните резултати, објавени од Изборната комисија по пребројувањето на 99,8 % од гласачките ливчиња покажуваат дека партијата „Позитивна Словенија“, која беше формирана пред изборите, освои 28,5 % од гласовите и влезе во 90-члениот парламент со 28 пратеници. Десноцентристичката Демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша, која според прогнозите требаше да биде победник на изборите, се најде на второ место и освои 26,3 % од гласовите (26 пратенички мандати).
Социјалдемократите на премиерот Борут Пахор, чија влада падна во септември, освои 10,5 % од гласовите, што е катастрофален резултат наспроти 30,5 % гласови, добиени на изборите во 2008 година, забележуваат агенциите. Во новиот парламент влегуваат уште четири мали партии, како и по еден претставник на унгарското и италијанското малцинство. Излезноста на избирачите изнесуваше 64,7 % и беше малку повисока од излезноста во 2008 година, кога беше 63 %.