Објавено 02 декември 2011, 12:00, во Регион
Share |
Print page

Романија осиромаши откако влезе во ЕУ

Романија стана посиромашна по нејзиниот влез во Европската унија, изјави поранешниот романски министер за финансии и за економија Варужан Восгањан во интервју за весникот „Бизнис 24“.Откако влеговме во ЕУ дознавме дека не сме конкурентоспособни. Исто така видовме и дека е потешко да се сиромашен во ЕУ, отколку надвор од неа, вели Восгањан.

Според него, гладната Романија е седната на полна трпеза со останатите земји од ЕУ, но не смее да посегнува по храната.Не гледам крај на кризата во Романија и во ЕУ за брзо време, истакнува Восгањан во интервјуто, додавајќи дека очекува влошување на инвестициската привлечност на Романија.Романската Влада минатата година презеде серија мерки за спас на националната економија, која, како што оцени премиерот Емил Бок, се наоѓа во најтешка криза во последните 60 години.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија