Националната банка на Грција регистрира загуба во износ од седум милиони евра
Националната банка на Грција регистрира загуба за девет месеци од оваа година во износ од седум милиони евра. Заработката на банката за истиот период изнесува 259 милиони евра, пишува весникот „Та неа“.
Доколку кон оваа загуба се додаде и загубата на банката од кратењето на државните обврзници во износ од 1,33 милијарди евра, негативниот резултат ќе изнесува 1,346 милијарди евра.