„Тојота“ започнува со производство на модели од серијата Ц во Турција
Јапонскиот автогигант „Тојота“ ќе почне да произведува помали патнички автомобили тип седан од серијата Ц во Турција и планира во целиот проект да вложи 150 милиони евра. Автомобилот ќе се изработува во фабриката на „Тојота“ во западната турска провинција Сакарај, каде ќе бидат ангажирани уште 400 дополнителни работници, најави извршниот директор на турската филијала на јапонската компанија, „Тојота Моторс-Турција“, Орхан Озер.
Тој нагласи дека фабриката има искуство во производство на седан автомобили, што е потврдено и со изработката на моделот „Корола“ во периодот од 1994 до 2006 година.Претпријатието „Тојота-Турција“ вработува 3.000 работници и има капацитет за изработка на 150.000 возила годишно. Најголемата јапонска автокуќа во Турција ги произведува моделите „Версо“ и „Аурс“, кои се извезуваат во повеќе од 30 земји.