Објавено 24 ноември 2011, 12:11, во Регион
Share |
Print page

Меркатор ја замрзна продажбата на акции на Агрокор

Раководството на слвенечкиот ланец на супермаректи „Меркатор“ донесе одлука за запирање на продажбата на мнозинскиот пакет акции на хрватскиот концерн „Агрокор“, по добиените сознанија дека компанијата самостојно ги откупува хартиите од вредност.

Ваквата одлука се образложува со ставот дека „Меркатор“ очекувал меѓу купувачите на акции покрај „Агрокор“ да бидат вклучени и „меѓународни финансиски институции“.Тоа значи дека било невозможно да се постигне договор со конзорциумот на купувачи, кој покрај „Агрокор“ ги вклучуваше и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и инвестициската компанија „Уан Еквити Партнерс“, се наведува во соопштението на „Меркатор“.

Одлуката на „Меркатор“ уследи откако банката ИНГ, која менаџира со продажбата на акциите во име на сегашните сопственици - групацијата „Пивоварна Лашко“ и еден банкарски конзорциум, во вторникот соопшти дека „Агрокор“ е единствениот купувач на хартиите од вредност на словенечкиот трговски ланец.

Во сооопштението на „Меркатор“ се истакнува и дека ланецот е подготвен да ја одблокира продажбата на 52,1 % од своите акции, доколку во нивниот откуп се вклучат и ЕБРД или ИФЦ.„Пивоварна Лашко“ продава 23,34 % од акциите во „Меркатор“, а останатите 28,76 % кои се предмет на продажба се сопственост на конзорциумот составен од „Абанка“, „Банка Цеље“, „Банка Копер“, „Горењска Банка“, „Хипо Алпе Адрија“, НКБМ, „Нова Љубљанска Банка“ (НЛБ) и инвестициските фондови „НФД 1“ и „НФД Холдинг“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија