Турција потпиша спогодба со Шел за барање нафта и гас во Средоземно море
Турската државна нафтена компанија ТПАО денеска во Анкара потпиша спогодба со британско-холандскиот нафтен гигант Ројал Дач Шел за офшор истражувања на природен гас и нафта во Средоземно море и за истражувања во југоисточна Турција, пренесоа француските медиуми.
Спогодбата е потпишана по спорот меѓу Анкара и Република Кипар (не признаена од Турција) за прашањето за истражување на гас во Средоземно море. Во септември Турција презеде сопствени истражувања на гас во Средоземно море.
Спогодбата предвидува специјално истражување во Средоземно море, крај Анталија, во јужна Турција. Потпишувањето е плод на техничка работа, далеку од меѓународните шпекулации, изајви турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер ЈИлдиз, кој присуствуваше на церемонијата.