Објавено 21 ноември 2011, 14:10, во Регион
Share |
Print page

Нови штрајкови во Грција

Вработените во локалната самоуправа и во државната енергетска компанија блокираа денеска неколку згради на претпријатието во Грција во знак на протест поради воведувањето на дополнителен данок на недвижниот имот, кој на граѓаите им се наплаќа преку сметките за електрична енергија.

Претставниците на синдикатот на компанијата минатата недела го запреа на четири часа снабдувањето со струја на Министерството за здравство. Вработените во транспорниот сектор исто така планираат да ја прекинат работата на четири часа во знак на протест поради намалувањето на персоналот.

Аптеките во поголемиот дел на Атина се затворени денеска поради 24 часовниот предупредувачки штрајк на фармацевтите, кои протестираат против политиката на Министерството за здравство, што доведе до сериозен недостиг на лекови во земјата.Грција воведува економски мерки, со кои треба да ја обезбеди следната транша од меѓународниот спасувачки план, без кој по 15 декември земјата би банкротирала.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија