Црна Гора- пилот држава од ОН за зелена економија
Црна Гора ќе биде предложена како пилот држава на ОН за создавање „зелена економија“, беше најавено на собир во Подгорица на кој се расправаше за подготовка на платформа за учество на третиот светски самит за одржив развој.
Големиот светски собир за таа тема ќе биде одржан во јуни 2012 година кога Црна Гора ќе поднесе таков предлог со цел начинот на остварување на сопствениот БДП многу повеќе да се заснова на развој кој значително повеќе ќе почитува еколошки стандарди, објавуваат денеска печатените медиуми.
На собирот во Подгорица одржан вчера истакнати се проблеми на патот за изградба на „зелена економија“ - загадување на простор, прашање за третирање комунален и друг отпад, претворање на земјоделско во градежно земјиште и управување со шумски фонд. Третиот самит за одржив развој ќе се одржи во Рио де Жанеиро и ќе биде посветен на изградба на амбиент за концепт „зелена економија“.