Грчките лидери сеуште не можат да ја состават коалиционата влада
Средбата на лидерите на политичките партии со претседателот на државата на која се очекуваше да биде соопштено името на новиот премиер, е одложена за утре претпладне, јавија грчки медиуми повикувајќи се на извор од Кабинетот.
Средбата беше одложена откако Папандреу и Самарас почнаа со разговори со претседателот на државата Каролос Папуљас за нов коалициски кабинет. Грчката агенција АНА-МПА јави дека веројатно по таа средба ќе биде соопштено и името на новиот премиер кој ќе ја предводи преодната влада. Лидерот на ЛАОС, Јоргос Караџаферис го напушти порано состанокот обвинувајќи ги Папандреу и Самарас за политички игри во кои го вовлекуваат и Папуљас.