И берзите реагираат на одлуката за референдум на Папандреу
На светските берзи вредноста на акциите уртово остро падна, откако медиумите ги обајвија шокантните вести дека Грција ќе одржи референдум за новиот пакет помош од ЕУ. Оваа вест кај инвеститорите предизвика сомнеж во успехот на минатонеделниот договор помеѓу европските лидери за сузбивање на должничката криза.
Лондонскиот индекс ФТСЕ, франкфуртшкиот ДАКС и парискиот САС вчера беа во минус помеѓу 2,2 и 3,6 %, а најголем пад се почувствува во банкарскиот сектор.
Индексот Никеи на Токиската берза падна за 1,7%, а цените на акциите во Сингапур, Австралија и Хонг Конг се намалија помеѓу 1,3 и 2,5%.