Новак Ѓоковиќ донесе две кинески компании во Србија
Српското Електростопанство постигна договор со две кинески компании, China Environmental Energy и Shenzhen Energy Group, за вложување повеќе од две милијарди евра во српскиот енергетски сектор.
Најголема заслуга за доаѓањето на кинеските компании има Новак Ѓоковиќ, кому Били Нгок, кој е претседател на управниот одбор China Environmental Energy, истовремено му е и еден од главните спонзори.
Кинескиот мултимилијардер е сопственик и на брендот Sergio Tacchini. Ѓоковиќ го претстави Нгок пред групата од стотина илјади луѓе, кои му приредија дочек на српскиот тенисер по освојувањето на US Open. Били Нгок, воодушевен од дочекот, доаѓањето во Белград го искористи и за воспоставување деловна соработка со српските компании. Вложувањето во српскиот енергетски сектор тој го гледа како можност за неговите компании преку Србија да дојдат на европскиот пазар.
Инвестицијата ќе се реализира преку заедничко претпријатие во кое кинеските компании ќе имаат мнозински удел.