Четврта понуда на Тодориќ
Две милијарди евра за Меркатор, ќе ги одбијат ли пак Словенците?
Ива Балчева
Во Агрокор постои оптимизам дека овојпат ќе успее да ја купи “словенечката гордост“. Иако словенечките политичари се уште се противат на влезот на Агрокор во Меркатор, овојпат аргументите бледеат пред фактот дека словенечката економија како никогаш досега е во лоша состојба поради падот на владата на Бурут Пахор
Постои оптимизам и надеж кај хрватскиот концерн Агрокор дека овојпат ќе успеат да го купат Меркатор. Лошата економска клима во Словенија и омекнувањето на ставовите на словенечките политичари, коишто беа најголемата кочница во намерата на Ивица Тодориќ да ја преземе нивната национална гордост даваат позитивен импулс дека Агрокор по три обиди конечно ќе успее да го преземе Меркатор. Агрокор сега е најголемиот малопродажен синџир во Адриа регионот, но со Меркатор би бил важен играч во европски размери. Уште еднаш се отвора прашањето, дали Тодориќ овојпат ќе успее да го купи Меркатор, и со тоа да стане регионален џин кој ќе има вкупно 60 илјади вработени, повеќе од 2.500 продавници и повеќе од 50 милијарди куни промет, што е колку половина од хрватскиот Буџет. Иако од компанијата се уште не потврдуваат официјално за четвртата понуда за Меркатор, според хрватските медиуми, за да го купи словенечкиот трговски синџир овојпат Ивица Тодориќ е спремен да плати повеќе од 800 милиони евра, или вкупно две милијарди евра за санирање на долговите на Меркатор. Во секој досегашен обид во преземањето на Меркатор, Тодориќ го спречуваше словенечката политика. Нејзиниот отпор беше толку силен што попрво би ја одлагале продажбата на трговскиот синџир кој е национална гордост и со тоа и понатаму ќе го остават да тоне во финансиски проблеми и нејасна сопственичка структура, отколку да го предадат во рацете на најголемиот хрватски концерн. Словенечките политичари се уште се противат за продажбата на Меркатор и тврдат дека Агрокор ќе ги истисне словенечките производи од полиците на трговскиот синџир и на тој начин ќе ги форсира хрватските производи...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 20 октомври 2011 година (четврток).
Почитувани читатели , БЕСПЛАТНО РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ТУКА за да може да ги читате сите изданија на Капитал Медиа Гроуп.