Објавено 19 октомври 2011, 11:28, во Регион
Share |
Print page Продажбата останува неизвесна

Агрокор и инвестициски фондови во трка за Меркатор

Ива Балчева

Инвестициските фондови Mid Europa, Warburg Pincus и TPG ги предале своите понуди за купување на 50,03% од акциите на Меркатор. Истече продолжениот рок за предавање понуди за купување на мнозинскиот дел од Меркатор, а од Агрокор се уште нема одговор дали доставиле понуда

Инвестициските фондови Мид Еуропа (Mid Europa), Варбург Пинкус (Warburg Pincus) и TPG ги предале своите понуди за купување на 50,03% од акциите на Меркатор. Истече продолжениот рок за предавање понуди за купување на мнозинскиот дел од Меркатор, а интересот беше голем. Но, од инвестициската банка ING, која е советник во продажбата, не кажуваат точно колку понуди се пристигнати последниот ден од продолжениот рок за купување на Меркатор. Претседателот на Надзорниот одбор на Пиворна Лашко, Владимир Маленковиќ, потврди дека на седницата на 26 октомври ќе се разгледуваат пристигнатите понуди. Од хрватската компанија Агрокор, која е најзаинтересиран купувач, се уште нема одговор дали доставиле понуда. Се очекува Ивица Тодориќ да се обиде по четврти пат да го купи Меркатор. Агрогор е најголемиот стратешки купувач со оглед на тоа дека беше дел од речиси сите претходни обиди за продажба на Меркатор. Извршниот потпретседател на Агрокор, Дамир Куштрак, не сакаше да коментира за потенцијалното купување. “Се уште ја разгледуваме можноста за давање понуда, анализираме и се подготвуваме“, вели тој. Според неофицијални извори, цената која Тодориќ планира да ја плати за акција на Меркатор е 221 евро, што е истата сума од пролетта, кога Пивоварна Лашко го продаде своето портфолио од 23,34%. Понудата на Агрогор беше многу подобра од таа на инвестициските фондови Мид Еуропа и Варбург Пинкус, што потоа беше пренесено како обид на хрватскиот гигант по секоја цена да влезе во најголемиот словенечки трговски сниџир. Експертите овој пат ја отфрлаат вака високата цена, објаснувајќи дека во таков случај Агрокор ќе треба да одвои 832,14 милиони евра за акциите на Меркатор.

Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 19 октомври 2011 година (среда).

Почитувани читатели. БЕСПЛАТНО РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ТУКА за да може да ги читате сите онлајн изданијата на Капитал Медиа Гроуп.


Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија