ЕК предлага отварање пристапни преговори со Црна Гора
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе најави дека Европската комисија ќе препорача отворање пристапни преговори со Црна Гора за членство во ЕУ.Тој на седницата на Одборот за надворешни односи на ЕП истакна дека владеењето на правото ќе биде фундаментален фокус за време на преговорите.
Деталите за отворањето на преговорите Филе ќе ги соопшти на прес-конференција попладнево во 14 часот во Брисел.Точниот датум за почеток на пристапните преговори би требало да го одредат премиерите и шефовите на држави на седница на Европскиот совет во декември.