Објавено 12 октомври 2011, 11:57, во Регион
Share |
Print page

Атина ги договори реформите со ЕК, ЕЦБ и ММФ

Експертските тимови на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд со официјална Атина постигнаа договор за реформите кои треба Грција да ја вратат на патот на растот, како и за исплата на следната транша помош, потребна за следниот месец оваа држава да го избегне банкротот.Тимовите од ЕК, ЕЦБ и ММФ го завршија својот петти по ред преглед на мисијата за спас од должничката криза на Грција и излегоа со заедничко соопштение во кое се вели дека е потребна нова економска програма на Владата Грција да се врати на вистинска насока.Во прегледот е наведено дека рецесијата ќе биде подлабока отколку што беше предвидено во јуни и дека отпочнувањето на наплатата на долговите може да се оцекува дури по 2013 година. Тие уште соопштуваат и дека нема докази за подобрување на инвестиционото расположение во земјата. Што се однесува пак до состојбата во фискалната сфера, Владата на Грција има постигнато големо намалување на дефицитот и покрај длабоката рецесија. Сепак во соопштенето е наведено дека постигнувањето на фискалната цел за 2011 веќе е далеку од возможна.Што се однесува пак до 2012 година, експертската мисија смета дека дополнителните мерки кои ги превзема Владата, во комбинација со имплементација на приспособена среднорочна фискална стратегија, треба фискалната програма повторно да ја врати во колосек и да обезбеди надоместување на дефицитот од 149 милијарди евра.Во областа на приватизацијата напредок е постигнат со самото создавање на професионално управуван приватизационен фонд. Сепак одложувањето на средствата за приватизација, и во одреден степен лошите услови на пазарот, значи и дека приходите во 2011 година ќе бидат значително помали отколку што се очекуваше.Во заедничкото соопштение на ЕК, ЕЦБ, И ММФ се вели и дека состојбата, односно базата на капитал во банките е подобрена. Општо земено, органите на власта продолжуваат да прават значаен напредок, особено во однос на фискалната консолидација. Да се обезбеди натамошно намалување на дефицитот до социјално прифатлив степен, како и да се постави сцена за наплата на долговите е од суштинско значење на Владата на Грција. Откако еврогрупата и извршниот одбор на ММФ ги одобрија заклучоците на петтиот преглед на експертскиот тим, следната транша во износ од 8 милијарди евра ќе станат достапни за Грција, во почетокот на ноември.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија