„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Словенија за еден степен
Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Словенија за еден степен на „АА-“.
Намалувањето на кредитниот рејтинг е поради стравувањата за состојбата на банкарскиот систем на земјата и поради неуспехот во спроведувањето на реформите за стабилизирање на јавните финансии.