Хрватска до 2013 година ќе добие 800 милиони евра од фондовите на ЕУ
На Хрватска од Брисел и беше сигнализирано дека веќе во првата година од своето членство во ЕУ може да смета на значителни средства од нејзините фондови. Потточно уште во првите шест месеци од 2013 година се отовора можноста за користење на 450 милиони евра од кохезионите фондови на ЕУ, плус дел од фондовите за земјодество (ИПАРД), што заедно со средствата од останатите извори, достигнуваат износ од 800 милиони евра, а тоа е прилично респектабилна сума.
Сепак треба да се поработи на развивање на производи и проекти. Ваквите предлози ги порача државниот секретар на Министерството на финансии Здравко Мариќ на отворањето на 10-та меѓународна конференција за промоција на извозот во организацијата ХБОР која е во поголем дел е посветена на условите на работењето пред и после пристапувањето на Хрватска во ЕУ. ХБОР која уште ја нарекуваат „една од централните елементи за економското заздравување“ најави дека Владата ќе продолжи да го зајакнува домашниот извоз на банките.